Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денес свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациски науки при УГД.

- Ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за нашите студенти во рамките на сите циклуси на студии. Овде ќе можат да се изведуваат наставни и образовни активности кои се поврзани со квантитивните истражувања во проучување на економските области. Она што исто така е многу битно е тоа што лабораторијата ќе има научноистражувачка цел за професорите и истражувачите на УГД - изјави проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД.

УГД во изминатиот период посветува внимание и инвестира во подобрување на научноистражувачката инфраструктура со цел да се зголеми научната работа на Универзитетот и публикацијата на научноистражувачки трудови. Како гостин на настанот, а воедно и како гостин предавач беше д-р Султанија Бојчева-Терзијан, директорка на Дирекцијата за статистика во Народна банка на Република Македонија, која пред студентите на Економскиот факултет одржа предавање на тема „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази".

 

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.