Знаењето и вештините кои ги нуди нашиот факултет отвораат неограничени можности за вработување во скоро секоја компанија како и можности за започнување на сопствен бизнис.
На Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии). Студиските програми се современи, приспособени на потребите на пазарот на трудот и се усогласени со принципите на Болоњската декларација. Сите понудени програми се акредитирани од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и редовно се ажурираат согласно со динамичните промени во бизнисот и економијата.
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование која, преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус на универзитетски и професионални студии. Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може да се запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во самиот конкурс.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Квалитетот и разновидноста на нашите наставни програми, нашите постигнувања и можностите кои ги нудиме во високото образование, науката и соработката, потврдени се и преку бројките постигнати во текот на дводецениското постоење.