Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип се запознаа со работата на Царинската управа на РСМ, преку предавање и презентација од првите луѓе на Управата – директорот Стефан Богоев и помошник-директорот на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање, Златко Ветеровски. Пред предавањето, претставниците на Царинската управа заедно со деканката и продеканката на Економскиот факултет имаа средба со ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски.

Денес сме на УГД со студентите на Економскиот факултет заедно со моите колеги од Царинската управа, ќе имаме предавање на тема што значи Царинската управа, како работи, како функционира, зошто е таа витален дел за државата, столб на државата и како преку Царинската управа и нејзиното работење се обезбедуваат пари за нови училишта, градинки, пензии, плати и слично, сѐ што е потребно за граѓаните на државата. Драго ми е што оваа традиција Царинската управа да соработува со Универзитетот е започната од претходно, продолжуваме и сега, а ќе продолжиме и во иднина, со тоа што веќе со Управата и на Универзитетот и на Економскиот факултет разговаравме и за понатамошни заеднички чекори каде што студенти на факултетот ќе можат да дојдат на конкретни посети во царинските достави и граничните премини и да директно да видат како царинските службеници го спроведуваат процесот на царинење, на контрола, и како сето тоа функционира во пракса, бидејќи се согласивме дека покрај теоретскиот дел кој денес ќе го имаат, уште побитно е да го имаат практичниот дел. Благодарност и до ректорот, деканката и службите на Факултетот и на Универзитетот за можноста да бидеме тука. За мене и за колегите е навистина чест и очекувам да има успешна сесија, успешно предавање и соработка во иднина, сѐ со цел што повеќе успешни студенти од УГД и од факултетите на УГД што ќе произлезат во иднина“, изјави Стефан Богоев, директор на Царинската управа.

 



Предавањето „Улогата и значењето на Царинската управа на Република Северна Македонија“ е дел од веќе воспоставената одлична соработка на Економскиот факултет и Царинската управа, потврдува деканката проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска:

Економскиот факултет при УГД - Штип максимално е посветен на профилирање висококвалитетен и стручен кадар, кој ќе биде успешен во имплементирање на стекнатите економски знаења во сѐ поизразените компетитивни услови на пазарот. За таа цел, Економскиот факултет остварува редовна соработка со различни институции од јавниот и приватниот сектор, со цел да им помогнеме на студентите да се надградат со практични вештини и знаења. Во тој контекст, наши гости на факултетот денес се почитуваните претставници од Царинската управа на РСМ, кои на студентите ќе им ја презентираат улогата и значењето на Царинската управа. УГД има склучено Меморандум за соработка со Царинската управа, врз основа на кој, веќе долги години остварува успешна соработка со цел нашите студенти да се стекнат со дополнителни практични вештини и знаења кои ќе им помогнат за идните вработувања. Се надевам дека нашите студенти ќе ја искористат можноста и привилегијата од првите луѓе на Царинската управа да ги слушнат најновите информации за царинското работење и на тој начин теоретските знаења стекнати на факултетот да ги надградат и да бидат многу повеќе подготвени за идните вработувања. Ќе се сложиме сите дека само на овој начин, со ефективен спој и партнерство помеѓу Академијата од една страна и реалниот сектор од друга страна, заеднички ќе успееме во подготовка, едуцирање и обучување на млади кадри кои ќе бидат способни да се носат со предизвиците на новото време“.

 

 

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.