Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ организираше настан насловен како „Биди Економист“. На настанот присуствуваа голем број средношколци и студенти кои имаа можност да следат предавања на исклучително актуелни теми кои побудија голем интерес кај нив.
Целта на настанот е да го промовираме Економскиот факултет и да им покажеме на младите што значи да се биде економист и колкаво е значењето на економистите, изјави деканката на Економскиот Факултет, Оливера Ѓорѓиева.
Настанот се одржуваше во живо во просториите на Економскиот факултет, а исто така можеа да го следат и студенти и заинтересирани онлајн. На настанот панел дискусии имаа претставници од големи компании кои дискутираа на теми за претрпиемништво и бизнис, како и на тоа што значи фриленс, како да се престават студентите пред своите идни работодавачи , но и за теми како криптовалути и економските импликации од војната меѓу Украина и Русија.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој е во првата генерација студенти на Економскиот факултет. На почетокот на настанот тој ги сподели своите искуства како студент и им порача на идните и актуелните студенти дека Универзитетот во Штип е вистинскиот избор за нив.