Преку настан насловен „Биди претприемач“, Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ заедно со Стартап Македонија неодамна ја одбележаа Глобалната недела на претприемништвото. Настанот се организираше хибридно, односно дел од учесниците и говорниците беа онлајн, а дел со физичко присуство во свечената сала на Правниот факултет.
- Целта на настанот е поттикнување на средношколците и студентите да создадат претприемачки менталитет со цел активно да се впуштат во креирање на можности за самовработување и создавање на нови и брзорастечки бизниси - велат од Економски факултет.
Овој настан беше дел од Глобалната недела на претприемништво како еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 180 земји ширум светот.
Настанот се одржуваше три дена, модератори беа м-р Мила Митрева, доц. д-р Влатко Пачешкоски и м-р Моника Арсова од Економскиот факултет. На отворањето свое обраќање до студентите имаа и проректорот на УГД проф. д-р Мишко Џидров и деканката на Економскиот факултет проф. д-р Оливера Ѓорѓиева-Трајковска.
Учествуваа преку 300 учесници од средните школи во регионот, но и актуелни студенти и останати заинтересирани. Предавачи беа професори и асистенти од Економскиот факултет, професори од средните училишта во регионот и обучувачи од ЦЕФЕ Македонија.
Галерија
Во продолжение погледнете ги презентациите од трите дена.