На меѓународниот економски форум ‘Евроазија-територија на иднината’ кој се одржа на 24.06.2021 и на кој учествуваа професори од нашиот факултет, заедно со деканката, се дискутираа многу интересни прашања поврзани со геоекономијата на безбедноста, економијата на Евроазискиот простор, бизнис и образование за возрасни во Евроазискиот простор и многу други.
Целта на форумот е да се воспостават партнерски односи помеѓу деловните кругови на државите во евроазискиот простор, професионалните деловни здруженија, да се развијат заеднички програми за обука на специјалисти, да се промовираат и интегрираат програмите за деловно образование во образовната и деловната средина на Евроазискиот простор.