12 мај 2021 г. (среда) - 12:00 часот
Почитувани, со задоволство ве покануваме на уште еден од серијата бесплатни вебинари на Економски факултет - Штип, УГД.
На овој семинар, ќе дискутираме за „Маркетингот и неговата практична примена во бизнисот“ со гости од бизнис секторот - Арел Невромаркетинг и Русе Комерц и проф. д-р Тамара Јованов Апасиева.
Воведно обраќање ќе имаат и проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров и деканката на Економски факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска.
Досега имаме пријавени над 100 учесници.
Сите кои имате интерес, на денот на настанот можете да се вклучите преку следниот линк: Microsoft Teams