Во 2015 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија произведе видеа кои го претставуваат првиот масивен отворен онлајн курс за екосистемот за поддршка на претприемништвото во Македонија.
Во интервју за Форбс, во 2018 година, Нина Николиќ беше интервјуирана како се зароди и како се развива македонскиот претприемачки екосистем.
Во друг артикл за претприемачкиот екосистем на Балканот пишува и порталот медиум.цом.
Горди сме што ова се дел од материјалите кои студентите на Case Western Reserve University, Weatherhead School of Management ги изучуваат во есенскиот семинар SAGES Seminar – Fall 2020.
Професорот Michael Goldberg, и неговите колеги Tiffany McNamara и Dr. John Higgins ги постигнуваат целите на овој семестар преку виртуелни работилници, дискусии, панели, студии на случај со реномирани гости, претприемачи и академици од целиот свет.
На 20ти октомври (од 16ч до 17ч) на онлајн заеднички час се дискутираше Македонската претприемачка приказна помеѓу студентите од Weatherhead School of Management (САД), студентите од Економски Факултет – Штип, студенти од Јужна Африка и гостите говорници Проф. Ристе Темјановски, асистент Мила Митрева и Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија.
Покрај поддршката на македонските претприемачи во услови на криза, се дискутираше и за влијанието на ковид19 пандемијата врз македонските бизниси и можните решенија кои се бараат од бизнис секторот.
Соработката меѓу ЦЕФЕ Македонија и професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University – Охајо, САД, се одвива од 2014 година до денес, преку размена на искуства и практики во областа на претприемништвото, организирање на едукативни настани, криерање на литература за претриемачи, вмрежување со чинители од бизнис екосистемит насекаде во светот.
Превземено од Cafe Macedonia.