Тим на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на најелитниот натпревар за тргување со берзи “Rotman European Trading Competition” кој ќе се одржи од 23 до 25 август 2018 година во Рим, Италија.
Ова ќе биде прво учество на Македонија на овој престижен настан. Економскиот факултет, УГД и Република Македонија ќе ги претставува тимот во состав Елена Арсова, Ивана Арапова, Владимир Ричлиев и Марјан Димов, кои веќе се подготвуваат за натпреварот. Ментор на тимот е доц. д-р Елена Веселинова.