Економскиот факултет низ континуиран процес на образование овозможува кадар кој е способен компетентно да ги решава проблеми да им излегува во пресрет на предизвиците што современиот развој на општеството и на бизнисот ги наметнува и да ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата на ниво на светски стандарди, преку висококвалитетни програми од бизнис, менаџмент и економија.
Факултетот, исто така, обезбедува професионални услуги и истражувања за претпријатијата и државната администрација. Во таа насока Факултетот работи на постојано јакнење на својата репутација, како на домашно така и на меѓународно ниво.
Факултетот води сметка да реализира висок квалитет во наставата и истражувачко-апликативните активности да ги следи промените и потребите на стопанството и општеството, да ја поттикнува инвотаивноста и притоа да употребува најосвремена наставна техника.