Формулата за успех не е универзална, но секој треба да биде упорен и да не се откажува од своите идеи, а искуствата на луѓето кои успеале се драгоцени. Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаа можност да слушнат токму такви искуства на Првата студентска конференција на студентите од Економскиот факултет, насловена „Формулата за успехот – ја имате ли и вие?“.
Повеќе...Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Царинската управа на РСМ и Регионалната стопанска комора пред студентите го промовираа концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Северна Македонија и неговото значење за економските оператори. На настанот беше присутен и се обрати ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, како и управникот на Царинарница Штип, Иван Спасовски и Весна Миладинова, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Штип.
Повеќе...Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Меморандум за академска соработка.
Повеќе...Тимот на Економскиот факултет: Ивана Арапова, Елена Арсова, Владимир Ричлиев и Марјан Димов, под менторство на проф. Елена Веселинова, постигна одличен резултат на елитниот натпревар за тргување на берзи „Rotman International Trading“, остварувајќи пласман меѓу најдобрите пет тимови, кои воедно добиваат признание и награди.
Повеќе...