Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Меморандум за академска соработка.
Договорот има за цел страните да остварат соработка во полето на обуката, продлабочување на знаењата и размена на искуствата за истражувања и развојни процеси од заеднички интерес. Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на ИОРРМ, г. Драган Димитров и ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев.