Home
Гувернерката на Народна банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, ќе одржи гостинско предавање на Економскиот факултет на УГД.
Предавањето ќе биде на тема „Актуелни макроекономски предизвици и улогата на НБРМ во одржување на макроекономската стабилност“.
Настанот ќе се одржи на 22 мај, во 11 часот во амфитеатарот на Економскиот факултет.