Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип се запознаа со работата на Царинската управа на РСМ, преку предавање и презентација од првите луѓе на Управата – директорот Стефан Богоев и помошник-директорот на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање, Златко Ветеровски. Пред предавањето, претставниците на Царинската управа заедно со деканката и продеканката на Економскиот факултет имаа средба со ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски.
Повеќе...По повод одбележувањето 15 години постоење на Центарот за развој на Југоисточен плански регион, што се одржа на 1 декември 2023 год., Универзитетот „Гоце Делчев“ беше дел од оваа свеченост.
Повеќе...Традиционално, Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ го одбележа 10 ноември, Денот на сметководството. На настанот беа присутни голем број студенти, професори и гости сметководители кои ја истакнаа важноста на професијата и иднината на сметководството.
Повеќе...