На Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии). Студиските програми се современи, приспособени на потребите на пазарот на трудот и се усогласени со принципите на Болоњската декларација. Сите понудени програми се акредитирани од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и редовно се ажурираат согласно со динамичните промени во бизнисот и економијата.