Почитувани студенти,
Во рамките на соработката помеѓу Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, УНДП и Општина Штип, отворен е Повик за ангажирање на 10 студенти-волонтери кои ќе бидат дел од проект што се спроведува во рамки на општинската администрација.
👉 Предвидени се следниве места за волонтирање:
- Економски факултет – 4 студенти
- Правен факултет – 3 студенти
- Факултет за образовни науки – 2 студенти
- Градежен факултет – 1 студент.
🕒 Траење на програмата: 3 месеци
- половина месец ориентација
- два месеци активно волонтирање
- половина месец изработка на извештај.
📅 Ангажман: 3 дена неделно, по 4 часа дневно.
💰 Надоместок: 6.000 денари месечно (во тек на два месеци активно волонтирање).
Организатор на програмата е Општинската Фондација за развој на информатичка технологија и Солидарен фонд Штип, под раководство на Никола Илиев, раководител на Канцеларијата за локален економски развој на Општината.
Ова е одлична можност за студентите да стекнат практично искуство, да се запознаат со работата на локалната самоуправа и да ги унапредат своите комуникациски и организациски вештини.
📨 Рок за пријавување: 20 октомври 2025 г.
📧 Начин на пријавување: Испратете е-пошта на следнава адреса: monika.arsova@ugd.edu.mk



