Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и компанијата „Флекс кредит“ потпишаа Меморандум за соработка, од кој придобивка во вид на практични знаења, но и можности за вработување ќе имаат студентите на Економскиот факултет.

-Овој Меморандум претставува основа за реализација на многу идни активности во делот на образованието, претприемништвото и финансиите. Од активностите како најзначајни ги издвојуваме – реализација на практична настава на нашите студенти, што ќе им помогне да стекнат практични вештини, како и работно искуство кое ќе им помогне понатаму во нивно вработување како и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Реализација на заеднички настани – тркалезни маси, семинари, обуки, учество во реализација на национални, меѓународни заеднички проекти – изјави деканката на  Економскиот факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Според генералниот менаџер на „Флекс кредит“, Горан Арсов, од соработката која треба да произлезе од потпишаниот договор бенефит ќе имаат сите, но најмногу студентите:

„Флекс кредит“ е меѓународна компанија за финансирање која функционира во 4 држави, а во Македонија од март 2020 г. Со овој Меморандум се надевам дека ќе им дадеме можност на студентите од Економскиот факултет да допрат до реалната работна средина и да се вклопат во реалната работна структура. Соработката ќе се состои од два дела – прво сите студенти ќе поминат теоретска обука, а потоа и практика. Ќе им дадеме можност да работат со нашиот систем и со нашите клиенти и сето она што го имаат минато како теоретски дел, да видат како функционира во пракса. Се надеваме дека придобивките ќе бидат заеднички, така што би сакале на оние студенти кои ќе имаат заеднички интерес со нас да им овозможиме и работни позиции во „Флекс кредит“.

Видео

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Александар Толев
Телефон: +389  32 550 251
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Телефон: +389  32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов

Тел: +389 32 550 337

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.