Од 01 Јануари 2021 година, Економскиот факултет се стекна со акредитација од Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA - Association of Chartered Certified Accountants) од Лондон.
Акредитацијата им овозможува големи поволности на студентите на Економскиот факултет кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување во областа на сметководството, ревизијата, финансиите и менаџментот, преку признавање на дел од веќе положените испити на факултетот од страна на најголемото и најбрзо растечкото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.