Економски факултет при УГД организира вебинар на тема „Предизвиците на бизнис секторот во периодот на кризата предизвикана од ковид-19 пандемијата, со посебен фокус на влијанието врз автомобилската индустрија во земјата“.

Македонската економија во изминатиот период поминува низ еден исклучително тежок период поради негативното влијание на здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија со вирусот ковид-19.

Во 2020 година беше забележан пад на економијата од 4.5%, пад на извозот за 10%, пад на индустриското производство и бројот на вработени. Многу индустрии и сектори беа погодени од кризата и периодот на стабилизирање ќе трае подолг временски период, со оглед на фактот што развојната динамика на некои бизниси во посткризниот период ќе бидат забавена. Еден од секторите кои беа најмногу погодени од кризата е автомобилската индустрија.

Имајќи го ова предвид, целта на вебинарот е да се отвори прашањето за предизвиците на бизнис секторот во периодот на кризата, особено влијанието на кризата врз перформансите на автомобилската индустрија, како и очекувањата за следниот период.

Главен говорник на вебинарот ќе биде Виктор Мизо, поранешен директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони - ДТИРЗ и сегашен генерален директор на Костал -Македонија, една од најголемите странски компании во земјава, која произведува технолошки напредни компоненти за автомобилската индустрија.

На вебинарот Виктор Мизо ќе разговара заедно со проф. д-р Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет при УГД.

Вебинарот ќе го отвори деканот на Економски факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска,  а ќе се одржи на 29.4.2021 (четврток) во 10 часот, на платформата Microsoft Teams.

Заинтересираните може да го следат настанот на следниов линк.

Microsoft Teams

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.