Двајца професори од Гранда, Шпанија одржаа предавање пред студентите на Економскиот факултет на УГД. Предавањата се одржаа во рамките на Еразмус Плус програмата преку која се врши размена на наставен кадар и студенти со универзитети од цела Европа.

- Овде сум да презентирам бесплатен софтвер за статистичко работење пред студентите на Економскиот факултет. Се надевам дека ќе продолжи соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“, изјави проф. Педро Гарсија од Универзитетот во Гранада, Шпанија.

Професорите предаваа теми кои се новитет за студентите на Економскиот факултет. Самите студенти истакнаа дека работите кои ги научиле од овие визитинг професори ќе бидат корисни за иднина и дека работите кои тука се презентирани допрва ќе се учат во нашиот образовен систем. Едно од предавањата се однесуваше на циркуларна економија.

- Моето предавање беше за циркуларна економија. Станува збор за развој на нов модел на одржливост во областа на економијата, изјави проф. Валентин Молина.

Деканката на Економскиот факултет проф. Д-р Оливера Ѓоргиева – Трајковска истакна дека ова е одлично искуство за студентите и дека тие преку вакви предавања учат за најновите достигнувања во областа на науката.

 

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Александар Толев
Телефон: +389  32 550 251
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Телефон: +389  32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Игор Ефтимов

Тел: +389 32 550 337

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.