Во свечената сала на Правниот факултет при УГД денес беше промовирана книгата „Патеките на транзицијата:  Емпириска анализа на македонската и бугарската економија".

Автори на книгата се академик Гоце Петревски од МАНУ, доц. д-р Дарко Лазаревски од Економски факултет во Штип и проф. д-р Оливера Костовска од Економски факултет во Прилеп. Промотор на книгата беше претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

- Ова е многу значајна книга, односно студија која произлезе од соработката меѓу МАНУ и Бугарската академија на науките. Книгата има висока релевантност за Република Македонија, бидејќи во таа книга на многу комплексен и студиозен начин и со примена на соодветна научна методологија детално и комплексно се испитани изворите на економскиот раст и развој на Република Македонија и ограничувачките фактори. Знаете дека по стапките на економскиот раст Македонија има најслаби резултати во регионот. Оваа книга и тие заклучоци што се внатре поместени мислам дека може да бидат многу добра солидна основа и да им послужат на соодветните институции за креирање на политики за поттикнување на економскиот раст и развој - истакна академик Таки Фити.

Еден од авторите на книгата, професорот од Економскиот факултет во Штип исто така потенцираше дека ова истражување може да биде многу значајно за креаторите на економските политики во државата.

- Воочливо од студијата е тоа што двете економии имаат прилично бавна конвергенција кон животниот стандард на ЕУ. Бугарија има нешто поповолна слика во однос на Македонија, меѓутоа генералниот заклучок од истражувањето е дека практично Европската Унија и влегувањето во Евроатланската структура не претставува сама за себе резултат бидејќи постојат голем број земји кои се пред влегување или се внатре, меѓутоа се прилично на периферијата на Европската Унија. Земјите мора да направат многу реформи и да ги подобрат економските перформанси во смисла на извозот, во смисла на влегување на оние глобални синџири кои значат поголема додадена вредност ако сакаат да се надеваат на повисок животен стандард - изјави доц. д-р Дарко Лазаров, еден од авторите на оваа книга.

Инаку станува збор за емпириска анализа меѓу македонската и бугарската економија. Практично, тоа е една прилично сериозна научна соработка со Бугарската академија на науките. Главна цел на ова истражување е да се дијагностицираат патеките по кои се движеа двете економии од почетокот на транзицијата до денес, гледано низ призмата на клучните макроекономски перформанси на двете земји. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, истакна дека соработката што ја има УГД со МАНУ е многу интензивна и плодна.

- Ние како универзитет во континуитет ги поддржуваме соработките со МАНУ и сето она што произлегува од нив во делот на интеграција на високото образование и науката. И понатаму ќе го правиме тоа, во насока на тоа МАНУ да биде репрезент на македонската наука и уметност - изјави проф. д-р Блажо Боев.

Според сите присутни, ова истражување би можело да биде вредно и за студентите на Економски факултет кои ќе можат да ја користат во своите истражувања. Презентацијата се одржа денес во свечената сала на Правниот факултет при УГД.

 

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.