Обраќање на деканот и продеканите

Обраќање на деканот и продеканите

Обраќање на деканот и продеканот на Економски факултет:

Почитувани студенти!

Добредојдовте на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Економскиот факултет, како една од водечките високообразовни институции во земјата, максимално е посветен на продуцирање висококвалитетен кадар кој ќе биде успешен во имплементирање на економското знаење во се поизразените компетитивни услови и ќе биде способен да се справи со предизвиците кои ги нуди современиот развој на општеството и бизнисот, но и тешката пандемија која го погоди светот.

Ве уверуваме дека времето поминато на нашиот факултет ќе ви биде исполнето со многу можности за градење на вашето образование и кариера - инспиративни, предизвикувачки, едукативни, научни. Индивидуално и колективно, нашите напори да ве поддржиме во постигнување на една од најважните цели во вашиот живот-стекнување на квалитетно образование, им даваат живот на нашата мисија и визија, а тоа е да ви помогнеме да напредувате, обезбедувајќи ви интелектуално богата и инклузивна средина која ќе го поттикне вашиот развој кон професионалци кои стекнатото знаење ќе го преточат во успешни економски решенија. Нашите вработени се посветени и секогаш подготвени да ви помогнат да стигнете до оваа цел, затоа што нивниот постигнат успех, посветеност и професионалност го гледаат токму во Вас.

Несомнено, во услови на пандемија која го погоди светот и ги стави образованието и науката, како и се останато, пред многу предизвици, Вашата способност како студенти и млади луѓе да ги направите промените кои се неопходни, со знаење, визија и амбиции, е неверојатно важна.

Секој момент од времето кое ќе изберете да го поминете на Економскиот факултет ќе ви понуди можности кои може да го променат вашиот живот, но и светот, на секој начин. Затоа, бидете отворени за предизвиците и искористете ги можностите кои ги нуди Економскиот факултет при УГД, Штип.

Ве очекуваме!

       
  Декан
Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска
      Продекан
Проф. д-р Емилија Митева Кацарски

 

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.