Search

Вицегувернерката на НБРМ одржа предавање пред студентите

Споделете

Вицегувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија одржа предавање пред студентите на Економски факултет на кампусот во Штип.

Вицегувернерката м-р Ана Митревска предаваше за улогата на НБРМ во спроведувањето на монетарната политика во насока на остварување на основните макроекономски цели. Ова беше исклучително корисна можност за студентите кои имаа можност да се запознаат со работењето на НБРМ и нејзините политики.

 

 

Воедно, вицегувернерката им ја презентираше можноста на студентите да аплицираат за реализирање на практична настава во НБРМ и отворено ги охрабри сите дипломирани студенти од нашиот факултет да аплицираат на отворените конкурси за вработување на НБРМ.

 

 

Во дискусиите со вицегувернерката беше отворена можност за продлабочување на соработката помеѓу Економски факултет – Штип и НБРМ во рамките на меморандумот за соработка што Универзитетот „Гоце Делчев“ го има потпишано со НБРМ.