Search

УГД одликуван со плакета за посебен придонес за развој на ЦРЈПР

По повод одбележувањето 15 години постоење на Центарот за развој на Југоисточен плански регион, што се одржа на 1 декември 2023 год., Универзитетот „Гоце Делчев“ беше дел од оваа свеченост.
Споделете

По повод одбележувањето 15 години постоење на Центарот за развој на Југоисточен плански регион, што се одржа на 1 декември 2023 год., Универзитетот „Гоце Делчев“ беше дел од оваа свеченост.

На настанот беа споделени успесите на Регионот, а тимот на ЦРЈПР ги претстави нивните идни цели и активности.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип доби Плакета од ЦРЈПР, а Факултетот за туризам и бизнис логистика и Економскиот факултет при УГД добија благодарници за посебен придонес во развојот на Југоисточниот плански регион.