Search

УГД на Startup Revolution AI Summit

Споделете

Студенти и професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип активно учествуваа на еден од најголемите регионални настани за иновации Startup Revolution AI Summit, што се одржа од 27 до 30 ноември во Скопје, во организација на Стартап клуб Скопје.

Ова е дел од соработката што Универзитетот ја има со Стартап клубот во Скопје, со кој неодамна беше потпишан Меморандум за соработка.

На настанот учествуваа голем број успешни иноватори, основачи на стартап компании, финансиски инвеститори и други чинители од иновацискиот екосистем од земјава, од регионот и пошироко од Европа.

На овој начин Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип создава услови за своите студенти да ја демонстрираат својата креативност и да бидат иновативни во развивање на сопствени бизнис идеи.

Многу позитивна енергија, нови идеи, мотивација и воспоставени контакти со успешни претприемачи.