Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со особена чест и задоволство ја информира јавноста дека проф. д-р Дарко Лазаров, универзитетски професор и истакнат истражувач во областа на економијата, е избран за член на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, по предлог на Народната банка на РСМ.
Изборот на проф. д-р Лазаров претставува значајно признание за неговиот професионален и научноистражувачки ангажман, како и потврда за високите стандарди што ги негува Економскиот факултет – Штип.
Фискалниот совет е независно тело задолжено за мониторинг на фискалните ризици и следење на усогласеноста со буџетските правила, а учеството на проф. д-р Лазаров ќе придонесе кон унапредување на фискалната дисциплина и финансиската стабилност на државата.
Економскиот факултет му упатува искрени честитки и му посакува понатамошни успеси во професионалното и научното делување.


