Search

Со предавање од Народна банка на РСМ Економскиот факултет го одбележа Европскиот ден на статистиката

Споделете

Со предавање на директорката на Директоратот за статистика при Народната банка на Република Северна Македонија, Султана Бојчева-Терзијан, се одбележа Европскиот ден на статистиката на Економскиот факултет при УГД.

– Го посветивме денот на студентите затоа што сметаме дека тие се иднината и дека нивните одлуки ќе ги носат врза основа на статистички податоци, а со тоа и да креираат економија базирана на докази. Овие податоци кои ние ги креираме се клучен импут во носењето на секојдневните одлуки на носителите на монетарната и фискалната политика – вели Бојчева-Терзијан.

Настанот беше во организација на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Економскиот факултет има современ концепт на пренесување на теоретско знаење, но и негово валидирање преку користење на квантитативни методи. Овие податоци од Народната банка и од Државниот завод за статистика се многу важни за нас и како професори за изготвување на квалитетни анализи и истражувања – истакна проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет.

Економскиот факултет има соработка со различни институции и дел од таа соработка се реализира преку практични предавања за студентите и останатите заинтересирани.