Search

Гувернерката на Народна банка на Република Македонија ќе гостува на УГД

Споделете

Гувернерката на Народна банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, ќе одржи гостинско предавање на Економскиот факултет на УГД.

Предавањето ќе биде на тема „Актуелни макроекономски предизвици и улогата на НБРМ во одржување на макроекономската стабилност“.

Настанот ќе се одржи на 22 мај, во 11 часот во амфитеатарот на Економскиот факултет.