Kатедрата за економија на Економски факултет во Штип доби грант од реномираниот Економски институт CERGE-EI на Карловиот универзитет во Прага за одржување на две стручни работилници и семинари. Едниот семинар се реализира во соработка на НБРМ и Министерството за финансии, во просториите на НБРМ.

Темата на курсот е макроекономско планирање и моделирање преку „agent-based“ пристапот. Курсот е во тек, започна на  20 ноември и ќе трае до 7 декември,  а на истиот има професори од УГД, истражувачи од НБРМ и Министерство за финансии на РМ.

Овој специјалистички семинар е исклучителна можност за подобрување на истражувачките капацитети на нашиот факултет, но многу повеќе и можност за продлабочување на соработката со двете клучни институции (НБРМ и Министерство за финансии) задолжени за креирање на економските политики, соработка која може да резултира со иницирање на заеднички проекти во иднина - истакна доц. д-р Дарко Лазаров, раководител на Катедрата за економија на Економскиот факултет при УГД.

Втората работилница е наменета за студентите на Економски факултет и истата се реализира во кампусот на УГД во Скопје. Тема на работилницата е примена на квантитативни истражувачки методи за економија и бизнис. Главен предавач на специјалистичкиот семинар и работилницата за студентите е д-р Марко Петровиќ, професор и истражувач на Универзитетот „Јауме I“ во Шпанија.

Оваа работилница треба да им овозможи на нашите студенти и професорскиот кадар проширување на нивните знаења со современи теоретски концепти и научноистражувачки методолошки практики кои се применуваат на западноевропските универзитети. Само на тој начин, преку вакви проекти, иницијативи и активности можеме да ги подобриме академските и научноистражувачките капацитети на нашиот факултет и на целиот Универзитет - истакна доц. д-р Дарко Лазаров.

Во рамките на овој проект и практиката за покана на гости-предавачи е планирано да се организира предавање пред студентите на Економскиот факултет во Штип од вицегувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангелоска-Бежоска и од професорот  на Универзитетот „Јауме I“ во Шпанија, д-р Марко Петровиќ.

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.