„Член 1 – Институт за глобални политики и право“ како истражувачка организација сака да придонесе кон апелот граѓаните да се придржуваат до социјалното дистанцирање и да поминуваат повеќе време дома.

Оттаму, решивме да го отвориме овој повик за есеи, со желба да допринесеме кон збогатување на дебатата за влијанието на COVID19 врз соработката на меѓународните актери, но и кон акцијата #СедиДома #ОстаниДома.

Генерални информации:

1. Есејот треба на биде напишан на македонски јазик и да биде помеѓу 800 и 1400 зборови.
2. Есејот треба да биде напишан следејќи ги стандардите за академско пишување.
3. Есејот треба да биде напишан на темата: „Меѓународна соработка во време на пандемија“.
4. Учество во есејот може да земат истражувачи од полето на политиката и правото, со интерес во меѓународната политика и меѓународното право.
5. Есеите треба да ги доставите на email адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 15ти мај 2020 година.
6. Есејот треба да биде придружуван со еден параграф вашата куса биографија и една ваша фотографија која ќе биде употребена за објавата на http://www.article1.mk

Награда:

Есејот кој ќе биде рангиран како најдобар ќе ја добие следната награда: објава на текстот на вебсајтот на член 1 и три месечна дигитална претплата на весникот New Your Times.

Повеќе информации за темата:

Генералната тема за овој отворен повик за есеи е „Меѓународната соработка во време на  пандемија“. Оваа тема е мошне широка, и затоа препорачуваме истражувачите да најдат подтема на која ќе се фокусираат во своите есеи. Како пример, би сакале да ви понудиме неколку поспецифични подтеми на кои може да се фокусирате:

1. Меѓународна соработка во рамките на меѓународните организации;
2. Билатерална и/или мултилатерална меѓудржавна соработка;
3. Меѓународна соработка меѓу недржавни актери во време на коронавирус пандемијата;
4. Други режими на меѓународна соработка;
5. Меѓународната соработка во областа на здравство/образование и наука/социо-економско заздравување на општествата/ трговија/ безбедност во време на коронавирус пандемијата.

Технички секретар

Габриела Андова
Тел: +389 32 550 330
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Игор Ефтимов
Тел: +389 32 550 337
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Штип
Антонио Талевски
Телефон: +389  32 550 066    
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Студентски прашања

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389  32 550 250
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Ивана Шоповска
Телефон: +389  32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Елена Ваканска
Телефон: +389  32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.