Економскиот факултет соработува со финансискиот сектор

Вклучувањето на експерти од струката, како и соработката со институции од областа на економијата, финансиите и менаџментот е значаен дел од наставно-научниот процес на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Оваа определба се потврди и во периодот зад нас, во кој голем број реномирани имиња од областа на економијата и финансиите гостуваа како предавачи, во случајов по предметот Макроекономија. Студентите имаа можност да слушнат предавања од директорот на Светска банка за Македонија, г. Горан Тимич, како и од вицегувернерката на НБРМ, Анета Бежовска, вели доц. д-р Дарко Лазаров.

Соработката со финансиските институции и сродните високообразовни институции се реализираше и преку организација на заеднички курс со Народна банка на РМ и Универзитетот Јауме во Шпанија, кој курс беше целосно финансиран и поддржан од Институтот CERGE-EI во Чешка, кој е формиран од  Универзитетот Charles и Чешката академија на науки. Курсот се одржа во просториите на НБРМ, а учество земаа луѓе од повеќе институции (Министерство за финансии, НБРМ, УГД, УКИМ, МАНУ и други).

Кадрите од Економскиот факултет се усовршуваат и преку учества на меѓународни конференции, што како пракса, заедно со предавањата на реномирани експерти ќе продолжи и понатаму, во интерес на давање на квалитетни знаења на студентите на Економскиот факултет.

Напишете коментар