Професор од Економски факултет најдобар млад макроекономист за 2017 година според Народна банка на Република Македонија

Доц. д-р Дарко Лазаров од Економски факултет при УГД ја доби престижната награда за најдобар млад макроекономист за 2017 година што Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ја доделува за најдобар истражувачки труд од областа на макроекономија, банкарство и банкарски системи.